Нема да прифатам да одам во куќен притвор, зашто ќе избегам, одма ќе избегам, ќе ја продадам државата. Вака го почна своето обраќање обвинетиот Влатко Трајковски. На ова веднаш реагираше судијката Добрила Кацарска со забелешка дека обвинетите претерале.

После оваа пресуда сфатив дека вие како претседател на овој судечки совет не ме осудивте, ме осуди политиката, поточно Зоран Заев. Моите две деца ќе знаат кој го затвори нивниот татко и се надевам ќе продолжат онаму кај што застанав јас и секогаш потребен на оваа држава кога и да треба.

Длабоко сум убеден и ќе живеам за тој ден тие што ме обвинија за тероризам да седнат на оваа маса да одговараат за злоупотреба на службена должност за уништување на нашите животи, рече Трајковски и за врши со повикот: „Да живее Мкедонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.