Aлександар Трајковски, еден од обвинетите во случајот за настаните во општина Центар од 2013 година вели дека тој е причината за одложувањето на денешното рочиште како што беше објавено во дел од медиумите.

Лажна вест е веста дека денешното рочиште за случајот за протестите пред Општина Центар се одложило поради барање на мојот нов бранител за да се запознае со предметот.
Вистина е дека на 11.08.2020 година писмено го известив Судот дека го откажувам полномошното на мојот сега поранешен бранител Боро Тасевски и дека имам нов бранител.

 

Трајковски објаснува дека неговиот новно бранител на 11.08.2020 година поднел барање за увид и запознавање со предметот но лага е дека денешното рочиште не се оддржало поради тоа што тие побарале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.