Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во скопската населба Автокоманда.

Според информациите на полицијата, околу 03, 50 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ автомобил „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б. (22) од Скопје излетал од коловозот и удрил во дрво.

Сопатникот Д.П.(38) од Скопје починал на самото место, а возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.