Д.Г (57) од Кочани паднала од тераса на стан на ул.Боро Арсов во Штип. Случајот бил пријавен на 1 -ви јануари 2020 околу 1 часот и 50 минути. Лицето Д.Г живеела во вонбрачна врска со Т.Н од Штип, јави ММС.

По настанот Д.Г. била префрлена во Клинички центар Штип каде починала. Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа од СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.