Две малолетни деца на возраст од 14 и 15 години загинаа откако тракторот на кој се превезувале се превртел и паднал во река во близина на мост на локалниот пат село Добрејци и село Пиперево.

МВР соопшти дека несреќата во СВР Струмица е пријавена денеска во 15 и 15 часот.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар. По констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.

Се работи на целосно документирање на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.