22-годишно момче вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства, во која има и повредени две жени и шеснаесетгодишно дете.

Веста за медиумите ја потврди директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова“ во Турското Маало во градот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Повеќе информации за овој трагичен случај од полицијата најавуваат за утре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.