Синоќа во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ било донесено починато осумгодишно девојче од с.Бардовци, скопско.

Девојчето околу 21.15 часот се удавило во базен од семејната куќа.

Од итна медицинска помош била извршена реанимација, по што била пренесено во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде од страна на лекар констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.