Денеска во Охрид околу 12 часот, турист од Република Србија во Самоиловата тврдина во Охрид забележал тело на човек, при што била повикана брза помош. Од страна ИМП констатирана била смрт. Се работи за жител од НР Кина, за кој не е познат индентитетот, ниту причината за смрт.

Како што дознава Охридскај, присутна е полиција, додека никој не знае како настанала смртта и на кој начин, а уште потрагично е тоа што ЈУ Завод и музеј Охрид има вработени кои се задолжени за наплата на влез и безбедност на посетителите.

Се очекуваат повеќе информации од СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.