Во СВР Тетово вчера попладне било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско, во сопствениот дом починал М.М.(74) од с.Добридол.

Тој живеел со сопругата Е.М.(74), која истиот ден починала по приемот во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид на местотот на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се пренесени во гостиварската Општа болница Гостивар за утврдување на причината за смртта, информираат од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.