На 28.11.2022 во 07.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(56) од с.Долно Коњари, скопско, удрило во електричен тротинет управуван од Д.Т.(60) од Скопје, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.