Адвокатот на полицискиот началник Митко Пешов, осуден на 15 години затвор во случајот „27 април“ вели дека неговиот клиент е осуден врз основа на докази кои обвинителството самото си ги оспорило.

Митко Пешов е осуден на 15 години затвор, заради тоа што сторил кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со несторување. Замислете со несторување сторил кривично дело. Каква е таа теза на обвинителството. И притоа во првата фаза на обвинителниот акт, обвинителството ги имаше следните три тези, бил носител на сребрена команда, примил наредба од претпоставениот Агим Нухиу, тогашен министер за внатрешни работи, а не ја издал и трето вели на денот на крвавиот четврток, 27 април не бил во Скопје, бил во Кавадарци, вели адвокатот Панче Тошковски, адвокат на Митко Пешов во вечерашното гостување на Отворено на ТВ Алфа.

Тошковски истакна дека самото обвинителство ги оспорило доказите кои што претходно ги дале за Пешов не е носител на никаква команда од страна на МВР, а и самиот тогашен министер Агим Нухиу сведочел дека не му дал никаква наредба на Пешов.

Првата дека бил носител на сребрена команда, а обвинителството само даде доказ дека не е во рамките на команден протокол. Не е носител ниту на златна, ниту на сребрена ниту на бронзена команда Митко Пешов. Самото обвинителство го даде тој доказ. Втората дека Агим Нухиу му дал наредба се сведе на тоа што Нухиу дојде на сведочење и вика јас не сум му дал наредба на Митко Пешов. Третата дека бил во Кавадарци, а не бил во Скопје е тоа што таму живее и нема ништо материјално стекнато. Единствено што има е стан на кредит, рече адвокатот на Пешов, Панче Тошковски за случајот „27 април“.

Митко Пешов на 27 април 2017 година бил началник на одделот за специјални операции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.