Адвокатот Александар Тортевски вели дека поднеле кривична пријава до сега веќе поранешниот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи се закануваше во време на епидемија дека ќе ги отвори џамиите.

Поднесовме кривична пријава против реисот за заканата дека ќе ги отвори џамиите, и дека ова ќе стане Авганистан… ако не му дадат пари“, рече Тортевски во вчерашното гостување на ТВ 21.

Реџепи пред месец и половина, во ек на пандемијата и кога земјава го очекуваше врвот на епидемијата, рече дека ако државата не им даде финансиска помош на ИВЗ, тој ќе ги повлече забраните за одење во џамија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.