Спомeнувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од страна на првосомничениот во предметот „Рекет“ Јовановски – Боки 13, кој, како што се слуша во снимката објавена од италијанскиот весник Ла Веритас, претставува доволна почетна индиција за дополнителни проверки и испитувања, вели во изјава за Фокус адвокатот Александар Тортевски.

Од кривично-правен аспект, Јанева не е компромитирана бидејќи се споменува од друго лице, меѓутоа нејзиното соменување, со оглед дека се работи за висок функционер, е доволно за дополнителни проверки во однос на содржината на разговорот. Треба да се испита како се однесувала во конкретниот предмет, дали се случиле деталите што се зборуваат, дали однесувањето било чудно и невообичаено во однос на други предмети – вели Тортевски.

Според него, оваа снимка е сосема доволна Јанева макар да биде повикана на распит, доколку, како што вели, тоа не било сторено во рамки на предистражната постапка. Тој посочува дека во оваа насока треба да се испитаат и соработници на Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.