Адвокатот Сашо Дукоски на завршните зборови за случајот „Рекет“ ја раскажа посетата на Боки и Кичеец кај бизнисменот Камчев која е главен докз на Јавното обвинителство.

Што гледаме на таа снимка од неколку секунди. Гледаме торба со баккноти од 50, 100 и 500 евра и женска рака. Друго ништо, рече Дукоски.

Тој рече дека прибавил документ од Европската централна банка за тоа колку тежат толкава сума банкноти.

80 проценти од банкнотите се по 50 евра. Милион евра сосе другите банкноти од 100 и 500 евра би тежеле најмалку 22 килограми и не се носат така лесно со една рака како што беше прикажан Милевски на снимката.Дали Боки го има на снимката-не, дали се гледа примопредавање на парите, истотака не, објасни адвокатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.