Деталите околу пожарот во ресторанот „Рагуза“ ги соопшти Звонко Томевски, заменик-командант на ППЗ на Град Скопје. Тој кажа дека пожарот избувнал среде свадба, и дека првично почнал кај инсталацијата. Една жена побарала помош, но веќе била пуштена дома.

„Она што за нас е најважно е да спречиме пожар без последици. Првично интервенцијата беше пребарувања на просторот, на катната гаража, ресторанот. Една жена имаше побарано помош, но веќе си заминала дома. Пожарот избувнал сред свадба, и од она што првично може да се забележи е настанат во инсталацијата. Интервениравме со 10 противпожарни возила, 30 лица. Настана проблем бидејќи во моментот на дојавата, имавме интервенција на Дижонска на магацин со лакови, и од таму веднаш се упативме тука и успешно ја завршивме интервенцијата. Пожарот се простираше на некаде околу 150-200 квадратни метри“, рече Томевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.