Судијата Огнен Ставрев го одложи судењето за ТНТ за утре откако обвинетиот екс градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски по дадениот рок од еден час, не се појави на судењето откако синоќа бил претепан.

Судијата првично му даде рок на Трајковски да се појави во судницата откако пред почетокот на рочиштето му се јавил на докторот кој му рекол дека Трајковски е во добра состојба и е пуштен да си оди дома. Ставрев тогаш се закани со стражарно приведување на Трајковски, но до тоа не дојде.

Обвинетиот Тони Трајковски, за случајот “ТНТ”, бидејќи, како што рече неговиот адвокат, отишол на друга клиника за дополнителни прегледи.

Ми се јави дека треба да прави дополнителни прегледи, а треба да прими и вакцина за тетанус, бидејќи бил нападнат со метален предмет –  рече адвокатот Јовица Страшевски, кој посочи дека Трајковски испратил фотографии од повредите.

На 22.12.2019 околу 23,35 часот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив. Се работи на расчистување на случајот, потврдија од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.