Шеснаесетгодишно момче загина вчеравечер во 23.45 часот во тешка сообраќајна несреќа во с.Кадино, скопско.

Според МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје.

На местото на незгодата од лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.