Вчера попладне на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С. (19) од с. Седларе, тетовско, удрил во пешакот Џ.Х. (46) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Х., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.