Тинејџер е приведен во полициска станица откако синоќа нападнал полицаец во скопската населба Кисела Вода. Причина за инцидентот било тоа што полицајците му побарале лична карта за легитимација.

Откако одбил да покаже легитимација, тој почнал да се однесува агресивно и физички да се пресметува со еден од полицајците.

Од МВР велат дека 18-годишникот е приведен во полициска станица.

Полициски службеници го лишиле од слобода М.Н.(18), од Скопје, кој при легитимирање поради агресивно однесување кон едно лице, почнал агресивно да се однесува и кон полициските службеници и физички нападнал еден од нив, оштетувајќи го стаклото на влезната врата на станбена зграда – информираат од МВР.

Против момчето ќе биде поднесена пријава откако ќе биде документиран случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.