Од Хируршкото оделение при Клиничката болница Тетово испратија демант до медиумите поврзан со вчерашниот инцидент, за кој, СВР Тетово во полицискиот билтен објави дека жител од Брвеница пријавил дека бил нападнат од лекар.

Дежурната екипа која била на работа ја демантира случката, која беше пријавена од жител на Брвеница во полиција. Екипата била вербално нападната од пациентот и овој случај е пријавен во СВР Тетово.

Во исто време дежурните лекари бараат извинување од пациентот поради нарушување на угледот, стои во демантот од болницата.

Ова е втор инцидент со физички напад во Tетовската клиничка болница во само три дена. Во петокот лекар од кожното одделение во болницата беше нападнат и повреден од двајца браќа кои добија осум дена притвор и кривична пријава за насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.