Жител на тетовско Пршовце пријавил во полиција дека вчера навечер бил нападнат и повреден додека седел во неговото паркирано возило пред семејната куќа.

Тетовецот  за нападот и повредите на левата рака со остар предмет посочил жител на Глоѓи.

Во СВР Тетово вчера во 22 часот и 40 минути, Џ.М.(49) од тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека околу 20 часот и 30 минути, додека се наоѓал во неговото паркирано возило пред семејната куќа, му се доближил и физички го нападнал Д.С.(28) од тетовско Глоѓи. Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет со кој му нанел повреди на левата рака, по што се оддалечил од местото – информираат од СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.