Тетовец е тешко повреден откако неколкупати бил застрелан пред неговиот дом. Настанот во полиција вчера околу 18 часот го пријавила неговата сопруга Р.М.(38) од Тетово.

Според пријавеното, ул.„Љуботенска“ во Тетово, со патничко возило „мерцедес“, со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од село Лавци, тетовско и по кратка расправија со нејзиниот сопруг Ш.М.(40) од Тетово, испукале неколку куршуми кон него, по што го напуштиле местото на настанот.

Ш.М. бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.