Министерството за внатрешни работи информира дека на вчера во 11:00 часот во Полициското одделение Камењане, 39-годишниот Ј.И. од тетовското село Мала Речица пријавил дека неговиот брат И.И. бил повикан во објектот на општината Боговиње каде градоначалникот А.Џ. му упатил закани, а потоа, во врска со истиот случај по телефон на И.И. му се јавил и полицискиот службеник К.А. и му упатил закани.

Полицијата информира дека за случајот известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.