Седум годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна незгода во Тетово што се случила попладнево околу 17 часот, откако во неа удрило возило. Поради повредите по укажаната помош во тетовската клиничка болница е однесено на скопските клиники.

 Во СВР Тетово е пријавено сообраќајна несреќа на улицата „Јане Сандански“ во која патничко возило форд фокус со скопски регистарски таблици управувано од женско лице на 34 години од Тетово удрило во малолетно девојче-пешак. Повреденото девојче е однесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.