Дваесетгодишник од Скопје е тешко повреден во несреќата што се случила вчера наутро околу 6 часот.

Како што било пријавено во СВР Скопје , на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Саса-2“, патничко возило „шевролет спарк“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото М.Ч.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.