Штипјанец на возраст од 24 години е тешко повреден откако додека возел мотор бил удрен од голф.

Ноќеска во 02.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосницата од ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и „Славчо Стојменски” се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“, со штипски ознаки, управувано од А.С.(25) од Штип и мотоцикл, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(24) од Штип.

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Д., додека со телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа на СВР Штип – информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.