Мотоциклист на „Хонда“ се судрил со автомобил „Фиат Браво“, во центарот на Скопје, по што добил тешки повреди и е префрлен на Клиника.

На 10.09.2020 во 21.45 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје – соопштија од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходно попладнето, на патот кон Козјак 80-годишен пешак бил прегазен од „Лада Нива“.

На 10.09.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–ХЕЦ „Козјак“, во атар на с.Батинци, патничко моторно возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(50) од с.Алдинци, скопско, удрило во пешакот А.З.(80) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – соопштија од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.