Две лица се тешко повредени по сообраќајната незгода што се случила вчера во 09,15 часот на магистралниот пат Ресен – Охрид.

Како што соопшти МВР, А.А.(30) од Прилеп, управувајќи патничко возило „рено меган“, со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.А., а со телесни повреди се здобила сопатничката Е.С.(19) од с.Ропотово, прилепско, по што биле пренесни во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.