Две деца се здобија со тешки повреди во две сообраќајни несречи што вчера се случиле во Прилеп и во село Грчец.

На крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, патничко возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Во село Грчец, скопско, вчера во 18:30 часот, товарно возило „мерцедес 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(45) од село Шишево, скопско, удрило во седумгодишно дете-велосипедист од село Грчец. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.