Неколку лица се повредени во сообраќајната несреќа што вечерва се случи на магистралниот пат Струмица – Валандово, кај Раборска раскрсница. Станува збор за превртено комбе со битолски регистарски таблици во кое се превезувале мигранти.

Како што пренесува локалниот портал „Струмица денес“, во незгодата се повредени 7-8 мигранти, од кои 4 мигранти со потешки повреди.

Возачот на комбето се дал во бегство.

Во тек е увид на лице место воден од јавен обвинител.

Вчера возач на комбе со мигранти предизвика друга тешка сообраќајка во Струмица:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.