Тешко повредена е 55-годишна сопатничка во возило кое вчера околу 16 часот излетало од патот и удрило во бетонски столб во близина на тетовско Рогачево.

Во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на тетовско Рогачево, патничко моторно возило „фолксваген поло” со тетовски регистарски ознаки управувано од 19-годишната З.И. од тетовско Јажинце излетало од коловоз и удрило во бетонски столб. Во несреќата, сопатничката во возилото Џ.И.(55), исто така, од Јажинце се здобила со тешки телесни повреди, а З.И.телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.