Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 08.50 часот на регионалниот пат Крушево-Прилеп. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од с.Алданци, крушевско, и патничко моторно возило „тико“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(67) од с.Кривогаштани, прилепско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „тико“, Љ.Б.(64) од с.Кривогаштани и била пренесена во Медицинскиот центар Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Крушево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.