Вчера околу 11 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова“, товарно возило „форд транзит“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(23) од Битола, удрило во пешакот Г.П.(72) од Битола.

Како што соопшти МВР, во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Г.П., констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.