Вчера во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(18) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „рено“. Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде ѝ била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.