Четириесетгодишна скопјанка, која возела електричен тротинет е тешко повредена откако во неа удрил возач со автомобил „Алфа Ромео“, на крстосницата кај Соборниот храм, соопшти полицијата.

„На 07.09.2022 во 07.45 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.“Партизански одреди“ со бул.“Св.Климент Охридски“ патничко моторно возило “Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Скопје, удрило во електричен тротинет “Топлајф“, управуван од С.Н.(40) од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во болницата „Систина“. Екипа од СВР Скопје извршила увид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.