На 03.04.2021 во 11:05 чaсот било пријавено дека во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(75) од Скопје и патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од Скопје.

Во незгодата сопатничката од возилото “бмв“ М.Б.(20) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, а Е.К. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.