Вчера околу 13:10 часот на ул.„Јовче Џипунов” во Велес, Ѓ.П.(71) од Велес, управувајќи мопед „априлија” со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот.

„Притоа Ѓ.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес, каде му била укажана лекарска помош. По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес“, соопштуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.