Вчера во 17:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат населба Домачки Дол – Осичка Maала, кривопаланечко, на место викано „Радева воденица“, патничко возило „цитроен саксо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(49) од Скопје, излетало од коловозот.

Како што соопшти МВР, во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.