Вчера во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во Медицински центар Гостивар со тешки телесни повреди бил донесен Ф.И.(43) од с.Градец.

Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал градежни работи на куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар и инспектор за труд и заштита при работа. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.