Четириесетиседумгодишниот Џ.М. од Скопје е тешко повреден откако вчера во 17.20 часот на крстосница од ул.„Босна и Херцеговина“, ул.„Кемал Сејфула“ и ул.„Александар Урдаревски“,  управувајќи мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.