Велосипедист е тешко повреден откако вчера околу 16.00 часот на крстосница од ул.„Николај Островски“ и ул.„Моцартова“ во скопската населба Даме Груев, во него удрило возило.

Како што соопшти МВР, патничко возило удрило во велосипедист Р.З.(36) од Скопје, а потоа возачот со возилото го напуштил местото на незгодата.

Велосипедистот бил пренесен во Клиничка болница „Аџибадем Сиситина“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.