Вчера наутро во 05.00 часот во Полициската станица Пробиштип, од ЈЗУ „Нада Михајлова“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Д.(27) од Пробиштип.

По преземени мерки било утврдено дека М.Д. се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во с. Добрево.

Увид извршила екипа на Полициската станица Пробиштип и за настанот бил известен Државниот трудов инспекторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.