Вчера во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, пред влез во с.Чардаклија, товарно возило „цитроен џампер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од К.А.(51) од с.Гардошорци, струмичко, излетало надвор од коловозот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ѓ.(53) од с.Владиевци, струмичко, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.