Во Полициската станица Кратово вчера во 22:40 часот било пријавено дека на регионалниот пат во село Туралево, кратовско, на место викано „Блокови“, патничко моторно возило „застава југо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(51) од село Филиповци, кратовско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Кратово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.