Малолтеник е тешко повреден откако во него налетал автомобил. Како што соопшти МВР, вчера во 17.40 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ц.(38) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.