Малолетник е тешко повреден во несреќа во Сарај.

Како што пренесува МВР, во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Кондово, општина Сарај, патничко моторно возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од село Радуша, општина Сарај, удрило во малолетник од село Кондово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.