Вчера во 11.10 часот во ОВР Кичево пријавено е дека на локалниот пар кај село Староец,П. Г(67) од Кичево, управувајќи патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, загубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.

При оваа сообраќајна незгода, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Причините за излетувањето допрва ќе се утврдуваат – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.