Кавадарчанец се здпбил со тешки телесни повреди откако со возило излетал од коловоз, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Вчера околу 12 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Кавадарци – село Ресава, Н.П.(66) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.

Бил извршен увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.