На 22.07.2021 во 17.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Ферид Мурати“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од Скопје и мопед „баотиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(44) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.