Триесет и деветгодишниот П.В. се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во фирма во село Дабниште.

Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи во Велес вчера во 11.30 часот.

Портпаролот на  СВР Велес Верољуб Додевски информира дека лицето било префрлено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде се констатирани тешки телесни повреди.

Тој додаде дека бил извршен увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.